ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

Д.Г.Т. Жикол веќе 20 години успешно егзистира во сферата на градежништвото. Оформена е во 1987 година со 100% приватен капитал од страна на нашиот управител Пандев Живко беше пионер во оваа дејност во Македонија. Еден од значајните услови за нашиот постојан раст и успех е неговата постојана лична посветеност и вклученост во секој проект, кој притоа справувајќи се со тешките економски услови и поинаквиот систем за работа изгради стабилна позиција на пазарот.

Компанијата има изведено голем број на проекти од ниско градба и вискоградба, и тоа за инвеститори од типот на Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Македонски Телекомуникации како и многу други програми финансирани од разни европски институции Европска Агенција за Реконструкција, Европска Банка за Подршка и Развој, PROWA, СИП-програмата финансирана од KFW-BANK и слично.

Стекнатото искуство доведе компанијата да се изгради со флексибилност, подобра организираност, можност која што е од големо значење за зголемување на конкурентската предност на пазарот.

Поставената цел за подобра позиција на пазарот како и целтa за уште подобро организирање на компанијата, беа основа за имплементирање на системот за управување со квалитетот ISO 9001:2000, со што од март 2005 година Д.Г.Т. Жикол се има здобиено со Сертификат за управување со квалитетот.

Жикол е еден од водечките изведувачи во градежната индустрија, обезбедувајќи комплетен опсег на услуги во Македонија па и пошироко. Благодарение на квалификуваните професионалци во областа на архитектурата, градежната изведба, и развојот на пазарот на недвижнини нашиот тим е секогаш спремен да излезе во пресрет на потребите на нашите клиенти. Нашите квалификувани луѓе, тргнувајќи од градежните инженери, архитектите, машинските и електро инженерите , се секогаш подготвени да обезбедат одлични услуги и солуции кога е побарано и потребно.

Жикол си има превземено обврска за заштита на околината, што може да се согледа во секој проект преку користење на програми за нулта емисија на штетни материи, како и користењето на материјали кои што се компатабилни со самата околина, со цел да се осигура заштита на секој на работното место а воедно и на самата околина односно општество.

Како ние работиме:
Репутацијата на Жикол се засновува на следниве работи високиот квалитет на градежните работи кои ги нудиме, начинот на кој ги третираме луѓето, изведбата на работите во договорениот рок. Инсистираме на работа на доверба со нашите клиенти, соработници и партнери.

Прави луге на право место:
Избираме луѓе кои што имаат високи очекувања и неуморно се движаат кон исполнуваање на нивните ветувања. Ги обучуваме луѓето да ги извршуваат нивните работи самостојно и со голема самодоверба, притоа давајќи чесен feedback. Над се ние се трудиме да работиме добро и сакаме да градиме.

Познавање на клиентот:
Целта на секој наш клиент е да оствари колку што е можно поголема придобивка од неговиот објект. Ние вложуваме голем напор во разбирањето на целите и очекувањата на нашиот клиент со што се насочуваме кон зголемување на придобивката на клиентот. Поради тоа одиме и кон информирање на нашите соработници и партнери што всушност е замислата на нашиот клиент со цел да се овозможи комплетно заокружување на обејктот.

Иновација:
За нас иновацијата значи нов начин на изведба на објектот,нов начин да докажеме дека сме најдобри, секогаш сме иновативни и креативни и секогаш одговараме со позитивен одговор кога луѓето сакаат да пробаат нешто ново.

Испорака на квалитет:
Мораме секогаш да бидеме задоволни со работата која што е завршена. Ние сме компанија каде што секој може го да види резултатот од 20 години опстојување на пазарот и преминот од еден во друг систем на работење. Резултатите секогаш се наоѓат на врвот и можаат секогаш да бидат забележани.