| |
Долгогодишното работење на Жикол во областа на IT секторот, како и сето досегашно искуство стекнато во решавањето на секојдневните проблеми, беа основа да во 2006 година се склучи договор со Македонски Телекомуникации (денешен T-HOME) како надворешен соработник во областа на одржување на телефонските линии, санација и интервенција на подземни и воздушни инсталации, изработка на нови технички решенија и нови инвестиции. Извршувањето на активностите од ваков тип доведе до формирање на тим од повеќе луѓе од оваа област кој со своето долгогодишно искуство ја вршат работата на професионален начин. Сето оваа како и претходната соработка со Македонси Телекомуникации доведе до склучување на договор за Мастер Дилер на T-Home истата година за продажба на телефонски линии, ISDN, ADSL, MaxTV како и сите продукти кои што ги нуди T-Home за своите корисници.
|
|